Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси вчера одигра лош натпревар против Арсенал и загуби на гостувањето со 1-3. Единствениот гол за „сините“ го постигна Тами Абрахам во 86. минута од мечот, а под дуелот своите фудбалери не ги штедеше Френк Лампард.
Лампард беше лут по третиот пораз на неговиот тим по ред и затоа им одржа лекција на фудбалерите.
„Ме бевме доволно добри во првото полувреме. Вториот дел беше подобар, но негативата беше голема за да направиме нешто конкретно“, вели Лампард.
Лампард зборуваше и за Тимо Вернер, кој одигра катастрофално полувреме во поразот на својата екипа.
„Ќе видиме што ќе правиме со него. Слабата реализација е нешто поради што напаѓачите треба да бидат критикувани. Тимо не даде доволно ниту со топката во поседот, а ниту без неа. Му треба време“, кажа тренерот на Челси.