Лампард се огласи за можниот ангажман на Дембеле


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Френк Лампард за прв пат во јавноста прозборе за можноста да го ангажира напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.

Одличниот напаѓач е мета на Челси, а медиумите пренесуваат дека Лион веќе одбил една понуда од клубот од Лондон.

„Тој е играч кој јас го знам, а и во клубот го знаат, но чудно ми е што неговото име се поврзува толку често со нас. Тој е играч кој го почитувам, а ние во клубот зборуваме за играч кој може да не засили во фазата на постигнување голови. Сепак, Дембеле не е тој со кого преговараме на редовна основа, доколку има одлука за тоа и јас ќе бидам вклучен во истата“ –изјави Лампард.