Лампард замина од Лондон: Челси добива нов тренер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Утрово се појави информација дека Челси се разделил со досегашниот тренер Франк Лампард, а сега се шпекулира за неговата замена. Тоа би требало да биде поранешниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел.

Ексклузивната информација ја откри италијански новинар, кој вели дека германскиот стратег ќе потпише договор со тимот од „Стемфорд Бриџ“ до 2022 година.

Има дел од медиумите кои тврдат дека договорот ќе биде продолжен до 2025 година, а останува да видиме што ќе се случи на крајот.

Официјалната потврда за нов тренер на Челси се очекува во текот на денот.