Лапорта ѝ одржа лекција на една ѕвезда: Ништо не почитува!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Младиот фудбалер за врска Илаикс Мориба беше исфрлен од првиот тим на Барселона откако одби да потпише нов договор со клубот.

Ова 18-годишно момче веќе неколку недели тренира со втората екипа, но ниту таму не игра натпревари зашто не ја прифаќа понудата на Барселона.

„Не прифаќаме такво однесување и мора да испратиме порака до екипата. Ако не сака да го продолжи договорот, тогаш има други опции. Не сакам фудбалери кои ги создадовме во Ла Масија да одбиваат нови договори. Тимот е над сите“, кажа Лапорта.

Мориба бараше повеќе пари за новиот договор, но Барселона не е подготвена за такво нешто во моментов.