Лапорта бесен поради заминувањето на талентот од Ла Масија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателот Ѓоан Лапорта не го криеше разочарувањето поради заминувањето на младиот талент од Ла Масија, Дро Фернандес, кој зимава ја напушти Барселона и замина во ПСЖ.

Фернандес го помина целиот младински систем на каталонскиот клуб, потоа доби шанса во Б тимот, а дури и дебитираше за првиот тим. Сепак, кон крајот на јануари одлучи да ја промени средината, што ги изненади многумина во Барселона, особено луѓето од клубот.

Парижаните за слободата на младиот фудбалер платија околу осум милиони евра, верувајќи дека добиле играч кој во иднина може да стане голема ѕвезда.

Лапорта денеска за целата ситуација зборуваше многу емоционално и не криеше дека заминувањето на младиот фудбалер го погодило. Сепак, најголемиот дел од незадоволството го насочи кон агентот на играчот, некогашниот врски играч на Барселона Иван де ла Пенја.

Интересно е што Де ла Пенја за време на кариерата најдолг период го помина во дресот на градскиот ривал Еспањол, каде играше девет сезони.
“Заминувањето на Дро беше како некој да ни забоде нож во грб. Се чувствував предаден од страна на Иван. Со Жорже Мендес успеавме да го задржиме Ламин (Јамал), додека заради ‘ло пелата’ (‘ќелавиот’, прекар на Иван де ла Пенја), Дро замина во ПСЖ. Ако Жорже Мендес беше агент на Дро, ова немаше да се случи”, рече Лапорта во интервју за емисијата Jijantes.