Лапорта: Дали ќе се врати Меси? Тој заслужува статуа и меч за збогување


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, повторно зборуваше за можноста за враќање на Лионел Меси во каталонскиот гигант, испраќајќи јасна порака за тоа што клубот му должи на својот поранешен капитен.

„Враќање на Меси во Барса? Она што тој го заслужува е статуа и проштален натпревар“, изјави Лапорта, алудирајќи на огромниот придонес што аргентинската ѕвезда го имаше во најтрофејниот период во историјата на клубот.

Сепак, првиот човек на Барселона потенцираше дека реалноста во моментов е поинаква. „Но, тој сега има важечки договор“, додаде Лапорта, ставајќи до знаење дека евентуалното враќање не зависи само од желбата на клубот.