Лапорта: Дали ќе се врати Меси? Не сакавме крај, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси летово не можеше да ја продолжи соработката со Барселона, па мораше да си ја побара среќата на друго место, а како негов следен клуб го избра ПСЖ со кој потпиша двегодишен договор.

Меси се договори со Барселона за да ја продолжи соработката, но претседателот Жоан Лапорта не можеше да најде доволно пари и мораше да се збогува со Аргентинецот.

„Имавме договор со Меси, но Ла Лига не го прифати. Откако си замина од тимот, ние не сме разговарале. Секогаш ќе биде посебен за нас. Никој не сакаше да се случи вакво нешто. Тажно ми беше да го гледам неговото деби за ПСЖ. Дали ќе се врати во иднина? Не сакавме крај, но ќе видиме. Ништо не е исклучено“, вели Лапорта.