Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жоан Лапорта смета дека е главен кандидат за претседателската функција во Барселона. Тој беше на чело на тимот и претходно, кога Каталонците беа главни во Шпанија и Европа.
Од утрово трае гласањето, а Лапорта е убеден дека тој на крајот ќе ја добие честа повторно да ја води Барселона. Исто така, вети дека ќе остане Лионел Меси, а со денешната изјава пак ги фрли во транс сите навивачи.
„Реал Мадрид не ја освои Лигата на шампиони, кога бев претседател на Барселона. Оваа екипа од 2015 година нема трофеј во тоа натпреварување. Се надевам дека ќе ја промениме таа ситуација и ќе го вратиме времето, кога го освојувавме ние трофејот, а не Реал Мадрид“, кажа Лапорта.