Лапорта ги провоцира „кралевите“: Имаме подобар тим од Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кажа дека е среќен поради ситуацијата во клубот кој минатата сезона ја освои Ла Лига.

Лапорта кажа дека наскоро ќе биде потврден трансферот на Витор Роке, а исто така смета дека Барселона има подобар состав од Реал Мадрид.

„Имаме подобар тим од Реал Мадрид и сметам дека и индивидуално сме подобри. Како член и навивачи, презадоволен сум од екипата која ја градиме. Ситуацијата во клубот е многу подобра во овие две години. Почнавме да освојуваме трофеи“, вели Лапорта.