Лапорта ги реализира плановите: Барселона се засили од Бетис!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Емерсон Ројал е нов играч на Барселона. Каталонскиот тим денеска потврди дека потпишале соработка со 22-годишниот играч и тој во следната сезона ќе го носи нивниот дрес.

Бразилецот ја почна кариерата во Понте Прета, по што играше за Атлетико Минеиро, а потоа заигра во дресот на Бетис и за две ипол години одигра вкупно 79 меча.

Минатата сезона беше неверојатен во дресот на тимот од Севиља и имаше најголема минутажа, па не чуди фактот што Барселона одамна сакаше да го купи.

Емерсон само во минатата сезона одигра 38 меча и притоа постигна два гола и четири асистенции.

Бразилецот со Барселона потпиша договор до 2024 година.