Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барселона се наоѓа во огромни финансиски проблеми, а долго мора да почне да се враќа и поради тоа Жоан Лапорта бараше решенија во минатиот период за да се спаси од проблемите.
Лапорта има голема задача да го спаси тимот и затоа бара нови спонзори за да ја поправи финансиската состојба, па очигледно е подготвен да прифати многу работи за да функционира нормално клубот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона ќе добие нов спонзор на предната страна на дресот. Каталонците неколку години имаат соработка со „Ракутен“, која завршува следната сезона, а приходите од јапонската компанија не се најдобри и затоа Каталонците сакаат нов спонзор.
Спасот го гледаат во „Најк“, кој е спонзор на Барселона за опремата, но сега би можел да биде и на предната страна на дресот и освен нивното лого, би го гледале и нивното име, што навистина не може често да се забележи.
🚨| Nike have asked FC Barcelona for a definitive answer on whether they will be the main sponsor for the 2022-23 season. They currently maintain an annual sponsorship worth 180M/year until 2023. The current contract with Rakuten ends in 2022. @sergiescudero 🔵🔴 pic.twitter.com/GUxex5jbSO
— Managing Barça (@ManagingBarca) May 14, 2021