Лапорта го најде излезот од кризата: Барселона ќе се согласи на досега невиден потег? 📸


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона се наоѓа во огромни финансиски проблеми, а долго мора да почне да се враќа и поради тоа Жоан Лапорта бараше решенија во минатиот период за да се спаси од проблемите.

Лапорта има голема задача да го спаси тимот и затоа бара нови спонзори за да ја поправи финансиската состојба, па очигледно е подготвен да прифати многу работи за да функционира нормално клубот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона ќе добие нов спонзор на предната страна на дресот. Каталонците неколку години имаат соработка со „Ракутен“, која завршува следната сезона, а приходите од јапонската компанија не се најдобри и затоа Каталонците сакаат нов спонзор.

Спасот го гледаат во „Најк“, кој  е спонзор на Барселона за опремата, но сега би можел да биде и на предната страна на дресот и освен нивното лого, би го гледале и нивното име, што навистина не може често да се забележи.