Лапорта и неговата ера во Барселона – потпис од 340 милиони евра ќе промени сè!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот Жоан Лапорта почна нова ера во Барселона по големите финансиски проблеми со кои се соочи екипата, па засега тренерот Чави Ернандез нема можност да состави тим по свој вкус, но тоа би можело да се промени.

Лапорта почна да бара нов спонзор, а шпанските медиуми пишуваат дека најзаинтересирани се музичката платформа „Спотиај“ и движењето „Веган Нејшн“, па Барселона долго време била во дилема.

„Спотифај“ испратил понуда од 340 милиони евра за пет години, која очигледно Каталонците ќе ја прифатат поради проценката дека платформата ќе помогне тимот да стане популарен кај помладите генерации.

Лапорта и соработниците размислуваат и да продадат 49 отсто од акциите на „Барса Студиос“, продукцијата која создава мултимедијална содржина за потребите на клубот.

Во тимот сметаат дека ќе добијат дополнителни 100 милиони евра ако се случи тоа, па парите би помогнале во реализација на трансфери, како што е тој на Ерлинг Халанд.