Лапорта им објасни на новинарите: Не сакам да давам лажна надеж, го загубивме Меси!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона вчера објави дека Лионел Меси си заминува од тимот, а денеска во 11 часот беше одржана прес-конференција на која за новинарите зборуваше претседателот Жоан Лапорта.

Лапорта ја потврди одлуката, а потоа им објасни на новинарите зошто се разделуваат со Меси.

„Финансиската ситуација и бројките се полоши од што мислевме. Буџетот за плата не ни остава ниту мал простор за некаков потег, а блокирани сме и од финансискиот фер-плеј. Не можам да донесам одлука која ќе го уништи клубот. Со Меси се договоривме, но не може да го регистрираме. Финансискиот фер-плеј е најголем проблем“, кажа Лапорта.

Лапорта кажа дека платите на фудбалерите изнесуваат 110 проценти од добивката на клубот и нема никаков простор за некакво изненадување.