Лапорта има нова опсесија, не е Халанд, но од каде Барселона ќе најде 200.000.000 евра?!


Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓


Ова лето свесно го пропуштија пазарот за „деветки”, каде беа – Виктор Ѓокереш, Александер Исак, Уго Екитике, Александер Исак и многу други, бидејќи знаеја дека Роберт Левандовски останува уште една година.

Но, Барселона мора да го подготвува теренот за следното лето и да бара нов напаѓач, а прва желба на Жоан Лапорта сега е – Хулијан Алварез!

Аргентинецот и порано беше поврзуван со Барселона, особено поради фактот што се знаеше дека е навивач на каталонскиот клуб поради својот идол Лионел Меси. Ова неодамна го потврди и неговиот прв тренер од младинските категории на Ривера.

Знам дека Хулијан е навивач на Барселона и дека порано или подоцна ќе заврши во Каталонија”, рече тој.

Сега и каталонскиот Спорт ја пушти таа информација – Жоан Лапорта за претседателската кандидатура сака да го вети трансферот на Хулијан Алварез. Изборите во Барселона се програмирани за следното лето и јасно е дека Лапорта го подготвува теренот за бомбастичен трансфер период.

Сепак, овој трансфер нема да биде ни најмалку едноставен. Прво и основно, Атлетико ја разби касата за да го доведе од Сити летото 2024 година кога плати 75.000.000 евра и бонуси со кои ќе дојде до 90.000.000.

Алварез сега е проценет на барем 150.000.000 евра, што ќе биде тешко за Барселона да го плати ако не се врати на финансиски одржливо работење.

Во прилог на тоа е и враќањето на “Камп Ноу”, кое ќе биде машина за полнење на касата, иако терминот на враќање се поместува веќе неколку недели.

Исто така, заминувањето на Роберт Левандовски следното лето по истекот на договорот ќе ослободи дури 26.000.000 евра во платниот буџет на Барселона, така што регистрацијата на договорот и платата за Алварез нема да биде проблем.

Најтешкиот дел ќе бидат преговорите со Атлетико, кои нема така лесно да го пуштат својот најдобар играч. Алварез го разби Реал Мадрид, стана херој на навивачите и управата не смее да се игра со угледот на клубот кога станува збор за овој трансфер.

Спорт пишува дека Атлетико нема да слуша понуди под 200.000.000 евра, што Барселона не може да плати ни во сон. Алварез има договор до 2030 година и поставена клаузула од половина милијарда, па Атлетико може мирно да ги набљудува како Каталонците ја следат нивната прва ѕвезда…