Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта вчера беше најдобар на изборите и освои дури 58% од гласовите на навивачите.
Лапорта се врати во клубот кој со многу успех го предводеше во период од 2003 до 2010 година, а сега ќе се обиде да го врати тимот каде што му е местото.
„Марка“ објави дека Лионел Меси бил меѓу првите кои му честитале на новиот претседател за функцијата, а ова најверојатно значи и дека Аргентинецот ќе остане во Барселона.
Ќе потсетиме, Меси во изминатото лето беше на излезни врати од клубот затоа што беше во конфликт со тогашното раководството кое го избрка и неговиот голем пријател Луис Суарез. Меси бараше раскинување на дговорот, но Бартомеу се повикуваше на клазулата во договорот и не го пушташе да замине без оштета.
Со Лапорта се најавуваат промени, секако на подобро, па ќе видиме дали работите ќе се одвиваат според планираното.