Лапорта: Мислев дека Меси ќе игра бесплатно за нас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси ова лето ја напушти Барселона како слободен играч и кариерата ја продолжи во дресот на ПСЖ.

Навивачите на Барселона останаа во шок кога клубот објави дека Меси нема да потпише нов договор, иако претходно беше најавено дека двете страни се договориле за такво нешто.

Меси уште пред неколку месеци се согласи на условите на новиот договор, но на крајот Барселона не можеше да го регистрира.

Претседателот на клубот, Жоан Лапорта утрово даде интересна изјава за медиумите и призна дека во еден момент се надевал дека Меси ќе игра бесплатно за тимот.

„Не можев да го прашам Меси да игра бесплатно за Барселона затоа што не може да барате такво нешто. Се надевав дека тој самиот ќе ни го предложи тоа“, вели Лапорта.