Лапорта: Моја е одговорноста, требаше порано да му дадеме отказ на Куман!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Првиот човек на каталонскиот гигант Барселона, Жоан Лапорта го отпушти Роналд Куман пред неколку дена, па сега се преговара за ангажирање на Чави.

Поразот на Барселона од Рајо Валјекано ја прели чашата во Каталонија, па немаше друг избор освен да му се даде отказ на Куман.

„Состојбата стана неподнослива и реживме, дека ако не преземеме мерки, дополнително ќе ги намалиме шансите да се бориме за трофеи. Можеби требаше да го ослободиме Куман порано, но мислевме дека заслужува да добие повеќе време и поголема доверба. Јас ја преземам одговорноста за тоа“, кажа Лапорта.