Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чави Ернандез оваа сезона на клупата на Барселона нема најдобри резултати, какви што беа очекувани од раководството на клубот, па сите останаа без зборови кога каталонскиот гигант испадна од Лигата на шампиони.
Легендата на Барселона пристигна во тимот пред речиси една година, откако Роналд Куман доби отказ, а тогаш Жоан Лапорта реши да му даде шанса на Чави кој е под голем притисок во моментов.
Раководството на Барселона реши да му даде поддршка на Чави, но каталонски „Спорт“ објави дека претседателот Жоан Лапорта имал разговор со него и му кажал дека управата не е задоволна од неговите помошници.
Првиот помошник на Чави е неговиот брат Оскар, кој нема големо искуство, туку работеше со него само во Ал-Сад. Втор е Серхио Алегре кој исто така нема искуство и работешѓе во нисколигаши, а во стручниот штаб е и неговиот пријател од детството Иван Торес.
„Спорт“ пишува дека во клубот му замеруваат на тоа што Чави сите одлуки мора да ги донесе сам, а помошниците воопшто не му ја олеснуваат работата, па поради тоа Лапорта му наредил да си најде нови помошници.