Лапорта му се налути на Дембеле: Французинот имал две понуди од Англија, но ги одбил!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа направи вистинско чудо и го ангажираше Пјер-Емерик Обамејанг, иако Осман Дембеле остана во клубот. Французинот требаше да замине до крајот на јануари и да го ослободи буџетот за плати, но сепак тој не прифати ниту една од примамливите понуди.

„Мундо Депортиво“ пишува дека претседателот Жоан Лапорта е бесен поради однесувањето на Дембеле и неговиот агент Муса Сисоко, кои вчера намерно не сакале да потпишат за друг клуб.

Дембеле имаше примамливи понуди од Челси и Тотенхем, кои директно го контактирале, а Барселона се надеваше дека ќе прифати една од тие понуди, но Французинот разочара.

Тоа дополнително ја продлабочи кризата во Барселона затоа што е јасно дека Дембеле нема да игра до крајот на сезоната во каталонскиот гигант, а потоа ќе си замине како слободен фудбалер.

Дембеле наводно решил следното лето како слободен играч да се пресели во ПСЖ и поради тоа вчера ги одбил понудите од Англија.