Лапорта на изборите ги купува гласовите на навивачите со најголемото можно засилување!?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона веќе некое време го „мери пулсот“ на еден од најбараните напаѓачи во светот. Жоан Лапорта во него гледа добар политички потег, но прашање е колку сето тоа е реално…

Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Холанд е во центарот на шпекулации за можен трансфер, а каталонскиот клуб предводен од Жоан Лапорта верува дека може во иднина да го ангажира.

Според извори блиски до клубот, претседателот Жоан Лапорта во Холанд гледа многу повеќе од обично спортско засилување.

Доаѓањето на норвешкиот напаѓач би можело да служи како голема политичка карта пред претседателските избори во клубот во 2026 година. Идејата е јасна: да се притиснат навивачите и потенцијалните гласачи со ветување на голема ѕвезда и враќањето на Барселона меѓу европските гиганти.