Лапорта најави засилувања: Имаме проблеми, но ќе бидеме помоќни!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најави засилувања во клубот во јануарскиот преоден рок.

Каталонскиот гигант испадна од Лигата на шампиони, а во моментов е далеку од врвот во Ла Лига, а ниту Чави Ернандез не донесе никаков напредок.

На Барселона ѝ се потребни засилувања, а Лапорта најави дека ќе пристигнат неколку фудбалери во јануари.

„И покрај сите проблеми, ќе го засилиме тимот во јануари. Сега повеќе од минатото мораме да гледаме во иста насока и да го правиме тоа што е најдобро за Барселона. Бараме начини како да се засилиме. Работиме напорно на тоа“, кажа Лапорта.

Меѓу потенцијалните засилувања се споменуваат Хулијан Алварез, Дани Олмо и Артур.