Лапорта не можеше да го продаде за 60, а сега му нудат 200 милиони евра?!


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Минатото лето Жоан Лапорта бараше купувач кој би платил најмалку 60 милиони евра за неговата ѕвезда, а сега би можел да го продаде за дури 200 милиони евра? Се чини дека веќе донесе одлука…

Ал Ахли од Џеда е клуб кој во последно време ангажираше многу ѕвезди од Европа, но сега сака да направи „бум“ во светот на фудбалот. Решени се за стотици милиони евра да ангажираат големо име за да го подигнат рејтингот и на клубот и на лигата, но и да ги зголемат шансите за освојување на титулата.

Според извештаите на шпанските медиуми, Арапите размислуваат многу за Рафинја. Му нудат слични износи како и на Винициус, а на Барселона се подготвени да ѝ платат најмалку 200 милиони евра. Ова е навистина одлична понуда, бидејќи Лапорта минатото лето беше подготвен да го продаде за 60, но со оглед на тоа каква форма има оваа сезона, неговото заминување би било вистински удар за Каталонците.