Лапорта објасни каде нашол пари за засилувања на Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона се наоѓа во финансиска криза, но и покрај тоа успеа да се засили со неколку врвни фудбалери, а притоа потроши 100 милиони евра.

Каталонците продадоа дел од ТВ-правата на 25 години, додека „Спотифај“ даде многу пари за да стане генерален спонзор и да го добие името на стадионот.

„Во моментов имаме заработка. За еден месец успеавме да собереме околу 650 милиони евра. Продадовме 25 отсто од ТВ-правата и така обезбедивме приходи. Клубот е на добар пат, а успеавме да вратиме и кредит од 100 милиони евра“, кажа Лапорта.

Поранешниот шпански шампион ќе мора во следниот период да ослободи дел од својот буџет, па најверојатно ќе бидат продадени Самуел Умтити, Рики Пуѓ, Мартин Брајтвајт, Миралем Пјаниќ и Оскар Мингеза.