Лапорта откри скандал во Барселона: Откриен е криминал, клубот е ограбен!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта одржа драматична конференција за медиумите на која ги престави резултатите од истрагата против поранешната управа на тимот.

Откриени се сомнителни договори, а суми од повеќе милиони биле исплаќани од клупската сметка и така тимот бил ограбен.

„Откриени е криминал. Се води истрага. Пронајдени се лути исплати. Наследивме голем долг и загуби и тоа јавно го откриваме, затоа што навивачите имаат право да знаат што правело раководството пред нас“, кажа Лапорта.

Економските експерти тврдат дека имаат докази кои покажуват дека се правел голем криминал во каталонскиот гигант.

„Кога го преземавме тимот, видовме дека има многу долгови, а нема пари. Не можевме да ги исплаќаме платите. Барселона за две години загуби 600 милиони евра, а само 135 може да ѝ припаднат на пандемијата. Седум години не се работело на инфраструктурата. Мора да одиме на суд“, соопштија од клубот.