Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на каталонскиот гигант Барселона, Жоан Лапорта е разочаран по елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампиони (ЛШ).
Барселона за првпат по 21 година не ја помина групната фаза во ЛШ и европската пролет ќе ја дочека во Лига Европа.
Уште позагрижувачки е тоа што Барселона загуби со 0-3 и не можеше воопшто да му се спротистави на гигантот од Минхен.
„Сега повеќе од кога било потребно ни е да бидеме обединети. Апелирам до навивачите на Барселона. Во овој момент, важно е да одиме заедно во една насока и сите заедно да се обидеме да ја надминеме тешката ситуација. Играчите направија се што беше можно, и повеќе од тоа. Многу сме тажни, но мораме да гледаме напред и да продолжиме да работиме за да ја промениме сложената спортска и економска ситуација во која се наоѓаме“, кажа Лапорта.