Лапорта потврди дека ќе ја плати клаузулата, а има и порака за Атлетик Билбао


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Џоан Лапорта, претседателот на Барселона, учествуваше во турнирот во голф кој го организираше Роналд Куман, а по турнирот им се обрати на медиумите за актуелната ситуација во Барселона.

Актуелната тема е секако Нико Вилијамс. Клубот од Билбао дури издаде и соопштение во кое го истакнува прашањето за способноста на Барселона да доведува играчи.

Дали е подготвен да плати за Нико Вилијамс? Се работи за парите кои се потребни за плаќање на клаузулата која изнесува 58 милиони евра.

Ние сме подготвени, ако некоја пазарна можност подразбира плаќање на клаузулата и ако одлучиме да ја искористиме таа можност, да направиме што е потребно“, рече тој.

На крајот имаше и порака за Билбао.

„Бидејќи немаме што да криеме, нека не контролираат, нема проблем. Сакаме сите да се третираат со ист аршин, и во таа смисла, не се чувствуваме оштетени или прогонувани, работиме работите исправно, не треба ништо да криеме и она што ќе се обидеме да го направиме е токму тоа – да ги искористиме пазарните можности.“

Фото: Принтскрин