Лапорта потврди: Договоривме две засилувања за Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона минатата зима се засили со Траоре, Торес и Обамејанг, а со исто темпо сака да продолжи и во летниот преоден рок.

Каталонците не сакаа ништо да остават во последен момент, па така претседателот Жоан Лапорта му ангажираше нови засилувања на Чави за да има конкурентен тим за Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ).

„Договоривме две засилувања за следната сезона. Едното е во средниот ред, а другото во одбраната. Не смеам да ви ги кажам нивните имиња“, кажа Лапорта.

Меѓутоа, познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека станува збор за Франк Кеси од Милан, кој веќе беше на медицински прегледи и дефанзивецот на Челси, Андреас Кристенсен.