Лапорта повторно победи на изборите: Никој нема да не запре


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жоан Лапорта по четврти пат стана претседател на Барселона и на таа функција ќе биде до 2031 година. Неговото реизбирање беше потврдено со резултатите од претседателските избори, на кои убедливо победи листата на Лапорта.

Лапорта освои 32.934 гласови, односно 68,18 проценти, додека Виктор Фонт доби 14.385 гласови или 29,78 проценти. На изборите гласаа 48.480 членови, а излезноста изнесуваше 42,34 проценти.

“Никој нема да не запре. Ни претстојат возбудливи години. Ова ќе биде најдоброто во нашите животи. Ова е прекрасен клуб во кој членовите го избираат претседателот и управниот одбор. Клуб уникатен во светот, навистина извонреден,” рече Лапорта во победничкиот говор.