Лапорта: Се преговара со УЕФА за Суперлигата


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во интервју за Мундо Депортиво зборуваше за Суперлигата. Да се потсетиме, Суперлигата е проект кој во 2021 година го прифатија најголемите европски клубови, но наскоро се повлекоа, главно поради притисокот од навивачите. Сепак, идејата и проектот за Суперлигата сè уште се живи, а Лапорта вели дека се во тек преговори со УЕФА.

“Тема на разговор беше Суперлигата, што предизвика несогласувања, различни мислења и одредени контроверзи. Јас секогаш се стремев да имам улога на оној што гради мостови помеѓу Суперлигата и УЕФА. Во моментот сме во ситуација каде што има комуникација помеѓу Суперлигата и УЕФА. Александер Чеферин назначи одредени лица од УЕФА кои разговараат со претставниците на Суперлигата со Бернд Рајхарт, извршниот директор на Суперлигата, и целиот негов тим кој вклучува адвокати блиски до клубовите кои се дел од Суперлигата”, рече Лапорта.

“Се дојде до начелен договор кој се заснова на три блока. Најмногу простор за договор и соработка постои во делот кој се однесува на технолошката платформа. Мислам дека тоа е добра вест и дека од двете страни постои добра волја. Барселона зазема став дека треба да се постигне договор и внатре во Суперлигата поттикнуваме постигнување на тој договор. Дали е тоа интересно? Мислам дека, за добробит на фудбалот, е позитивно договорот да се постигне што побрзо”, продолжи претседателот на Барса.

Фото: Принтскрин