Лапорта склучи „пакт“ со Реал Мадрид и ќе воведе радикални мерки од 30 јуни!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозеп Бартомеу остави огромни долгови и финансиски проблеми кога ја напушти Барселона, па сега новиот претседател Жоан Лапорта бара начин како да ја спаси екипата и да донесе квалитетни засилувања.

Каталонците ја преминаа границата која ја бара Ла Лига, а во последно време мора да се откажуваат од фудбалери или да ги намалуваат платите за да регистрираат нови засилувања и да играат натпревари во домашното првенство.

За да го извлече тимот од оваа ситуација, актуелниот претседател подготвил радикални мерки, а според каталонски „Спорт“, Лапорта планира да ги ограничи платите на 10 милиони евра годишно.

Новото правило ќе важи од 30 јуни за да се обезбеди можноста да се ангажираат други ѕвезди во иднина, Лапорта ќе мора да додава и бонуси за постигнати голови, настапи и слично, но основната плата мора да ја постави на 10 милиони евра.

Лапорта направи и пакт со Флорентино Перез дека нема да си ги напаѓаат нивните фудбалери, односно нема да се обидуваат еден на друг да му земат некоја ѕвезда, како што беше случај во минатото.