Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона утре ќе го добие новиот претседател бидејќи ќе се одржат претседателските избори. Каталонскиот гигант веќе неколку месеци е без прв човек откако Жозеп Марија Бартомеу си поднесе оставка.
Жоан Лапорта е фаворит на изборите затоа што со голем успех ја предводеше Барселона како претседател, а покрај него тука се и кандидатите Виктор Фонт и Тони Фреиша.
Тие синоќа учествуваа во една дебата на шпанска телевизија, и секој од нив се обиде да ги убеди гласачите за што треба да гласаат за него.
Но, на крајот Лапорта имаше збор и со една реченица ги „уништи“ своите противници. Лапорта му се обраќаше на Фонт кој ветува дека Меси ќе остане и ќе го донесе Чави.
„Човече, зборуваш дека ќе го убедиш Меси да остане, а воопшто не го познаваш лично. Престани да ми се фалиш секогаш кога ќе го завршам излагањето, подобро гласај за мене во недела, ќе ти биде попаметно“, вели Лапорта.