Лапорта со нов проект: Барселона знае како да го врати Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонскиот гигант Барселона сака да го врати Лионел Меси на „Камп Ноу“, а најверојатно и Аргентинецот нема ништо против тоа.

„Ел Насионал“ пишува дека Лапорта смислил план како да го добие Меси за минимална плата. Тој ќе му даде плата од 200.000 евра годишно, но Аргентинецот кога ќе ја заврши кариерата, ќе биде организиран натпревар при што приходот ќе го добие фудбалер.

Прогнозата на каталонскиот медиум е дека Меси во таков случај би добил околу 100 милиони евра.

Меси во моментов преговара за нов договор со ПСЖ, но засега двете страни се далеку од такво нешто.