Лапорта стана нов претседател на Барселона, па се расплака и му се извини на Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона по речиси половина година од заминувањето на Жозеп Марија Бартомеу доби нов претседател, а тоа е Жоан Лапорта, кој имаше најголем број гласови на изборите и се враќа на функцијата по десет години.

Лапорта вечерва беше официјално промовиран како нов претседател на каталонскиот гигант, а тој имаше емотивен говор пред членовите и фудбалерите на Барселона.

Лапорта се сети на неговиот татко, кој почина пред неколку години и кажа дека сака да ја врати Барселона во самиот врв, каде што ја остави пред една деценија.

„Во 2003 година сите бевме на истово место, каде што сме сега. Тука беше и татко ми. Тој човек имаше тежок карактер. Меѓутоа, тој заплака во текот на мојот говор. Тоа ме погоди. Тато, каде и да си на небото, помогни ми да ја вратам Барселона на врвот“, кажа Лапорта.

Првиот човек на Каталонците потоа зборуваше и за Лионел Меси, а на крајот му се извини затоа што јавно го спомена неговото име.

„Ќе донесам големи одлуки. На пример, ќе го натерам Меси да остане. Ќе се потрудам да се оствари тоа. Извини Лео што те споменав, но многу те почитувам и сакам. Барселона секогаш беше повеќе од клуб. Ние ја претставуваме Каталонија, ние сме симбол на Каталонија во светот. Сакаме да освојуваме трофеи во Лигата на шампиони“, вели новиот претседател.