Лапорта убедливо победи на претседателските избори во Барселона 🎥

Барселона неколку месеци беше без претседател откако Хозеп Марија Бартомеу си поднесе оставка, а вчера на изборите победи Жоан Лапорта, кој ќе го предводи тимот во иднина.

Навивачите на каталонскиот тим можеа да бираат меѓу Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреикс, а на крајот победи Лапорта, кој доби околу 58% од гласовите.

По ова стана јасно дека Лапорта сигурно ќе слави против Фонт и Фреикс, кои дојдоа и му честитаа на нивниот ривал за победата.

Лапорта се враќа на претседателската функција на Барселона, која со многу успех ја извршуваше од 2003 до 2010 година.