Лапорта веќе договара два трансфери за Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта почнал преговори за двајца фудбалери чии договори сака да ги откупи во следниот период.

Лапорта е задоволен од Жоао Кансело и Жоао Феликс кои се на позајмица во Барселона и планира да ги откупи од Манчестер сити, односно Атлетико Мадрид.

„Двајцата покажаа дека имаат иднина во клубот и сакаме да останат во Барселона. Со Атлетико и Манчестер сме во добри односи и сакаме да ги откупиме нивните фудбалери“, кажа Лапорта.

Барселона планира да потроши околу 25 милиони евра за Кансело, додека за Феликс ќе испрати понуда од 40 милиони евра која најверојатно нема да ги задоволи барањата на Атлетико.