Лапорта веќе го знае првото засилување на Барселона?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона следната недела ќе одржи претседателски избори, по што ќе биде познато кој ќе го наследи Жозеп Бартомеу на чело на клубот, а главен кандидат за таа позиција е Жоан Лапорта.

Лапорта веќе ги разгледува и потенцијалните засилувања, а едно од нив е десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин, кој би можел да се врати во клубот.

Англиските медиуми објавија дека Шпанецот му ветил на Лапорта дека ќе се врати во тимот, доколку тој победи на изборите во Барселона.

Белерин има уште една ипол година од договорот со Арсенал, па Барселона ќе се обиде летово да го донесе за ниска цена.