Лапорта вети: Ќе се потрудам да го задржам Меси во Барселона!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жоан Лапорта се кандидираше за претседател на Барселона, а доколку победи тогаш ќе се обиде да го задржи Лионел Меси во каталонскиот тим.

Меси има договор со Барселона до крајот на сезоната и се шпекулира дека ќе го напушти тимот, а како следна дестинација се споменува ПСЖ.

Лапорта е главен фаворит за претседателската позиција, а уште повеќе поени доби со изјавата дека ќе се обиде да го задржи Меси во Каталонија.

„Ќе дадам се од себе за да остане Меси во Барселона. За да го гарантирате тоа, мора да дадете сериозна понуда. Тој е победник и сака да победува со Барселона. За тоа ни треба добра понуда. Ако прашате дете, кој е најдобар фудбалер на светот, сите веднаш одговараат на Меси. Го познавам добро и имам одличен однос со него. Тој не е во Каталонија поради парите“, кажа Лапорта.