Лапорта зборуваше за платата на Меси и вети: Ќе дадеме сѐ од себе за да остане!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако во јавност се појавија деталите од договорто меѓу Лионел Меси и Барселона, се огласи и кандидатот за претседател на клубот, Жоан Лапорта.

Лапорта беше претседател на Барселона од 2003 до 2010 година, а тој во Каталонија го донесе Пеп Гвардиола, кој во 2009 година освои сѐ.

„Меси повеќе ни носи, отколку што чини. Имавме истражување според кое тој ни носи третина од клупските приходи. Меси не е виновен за финансиската криза“, кажа Лапорта.

Лапорта вети дека ќе се потруди Меси да остане, ако го добие претседателскиот мандат.

„Ќе дадеме сѐ од себе за да го задржиме Меси. Имам информации дека тој е задоволен во Барселона. Мора да направиме проект со освојување на Лигата на шампиони“, кажа Лапорта.