Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта повторно зборуваше за Суперлигата, а неговите зборови нема да им се допаднат на противниците на ова натпреварување.
Од Европската фудбалска унија (УЕФА) најавија казни за трите клубови кои не се откажаа од Суперлигата, а тоа се Барселона, Реал Мадрид и Јувентус.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборувал и со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
Лапорат му кажал на Чеферин дека нема да се извинуваат, а Барселона не планира да плати никаква казна.
„Им реков дека нема да се извинам. А не планираме да платиме ниту казна. Ако бидеме санкционирани, ќе се жалиме. Сакаме да ги заштитиме нашите интереси“, вели Лапорта.