Лапорта: Зошто Реал Мадрид би се жалел? Па во недела видовме нов скандал!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од кандидатите за претседател на Барселона, Жоан Лапорта го нападна Реал Мадрид поради една ситуација која се случи на мечот против Еибар во Ла Лига (3-1).

Лапорта е голем фаворит за победа на изборите кои се закажани на 24 јануари, а претходно вети и неколку засилувања откако ќе седне на чело на тимот.

„Рамос играше со рака и тоа е очигледно, Еибар не доби чист пенал. Полудев поради тоа. Не го сакам ВАР ја уништува автентичноста на фудбалот. Не можам да се навикнам дека се прекинува славјето при головите, треба да се повлече некоја црвена линија…Ќе разговарам со луѓето задолжени за ВАР многу работи ќе треба да ми објаснат“, кажа Лапорта.

Лапорта реши да ја искоментира и изјавата на претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез, кој кажа дека неговиот тим бил дискриминиран во ТВ преносите.

„Нема никаков аргумент во тоа што го зборува. Во неделата видовме уште еден скандал и не знам како можат да се жалат“, порача Лапорта.