Лаури до кошаркарот на Орландо: „836 е бројот на мојата соба…“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За време на натпреварот помеѓу Орландо и Торонто, се случи вербална конфронтација меѓу двајцата кошаркари.

Во главна улога беа Арон Гордон и Кајл Лаури. Напуштајќи го паркетот, кошаркарот на Орландо се сврте кон Лаури и започна да го навредува, велејќи му, меѓу другото, „ти си кучка“.

Плејмејкерот на Рапторс му врати со тоа што му кажа на Гордон дека неговата соба во хотелот е 836, поканувајќи го во неговиот стан за „дополнително дружење“.

Сепак, веруваме дека главите се оладија после ноќта и дека немаше дополнителни судири меѓу нив. Торонто славеше во тој дуел со 109:99, а споменатите sвезди не славеа.

Лаури постигна само осум поени, иако со девет скокови и 10 асистенции, додека Гордон имаше 9 поени со 11 скока.