Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Извесен период се шпекулира дека Лаутаро Мартинез би можел да се пресели во Барселона, а денеска се појави информација дека Реал Мадрид е заинтересиран да го донесе играчот во своите редови.
Сепак, како што стојат работите аргентинскиот напаѓач нема шанси да си оди од Интер ова лето, а како што пренесува Фабрицио Романо тој наскоро ќе добие и нов побогат договор од неговиот сегашен клуб.
Дека играчот ќе остане во Интер потврди и неговиот агент, Бето Јаке кој истакна дека шпекулациите со Реал Мадрид се целосна невистина.
„Нема ништо со Реал Мадрид, не зборувавме за негов трансфер ниту со Барселона. Тој ќе остане и тоа е тоа. Лаутаро останува овде во Интер“ –изјави Јаке.
Романо пренесе дека веднаш штом заврши преодниот рок, Интер ќе му достави на играчот понуда за нов договор.