Лаутаро се расплака по измена: Секогаш бевте до мене! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентина пред своите навивачи славеше со убедливи 3-0 против Уругвај во квалификациите за Светското првенство (СП).

„Гаучосите“ во Буенос Аирес успеаа без големи проблеми да обезбедат нови три бода и да го обезбедат второто место во квалификациите во Јужна Америка.

Аргентина поведе со голот на Лионел Меси во 38. минута, по што Де Пол зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Лаутаро Мартинез на средината на второто полувреме.

Камерите го снимија Лаутаро како седи на клупата и плаче, а по натпреварот објасни што му се случило.

„Помислив на моето семејство кое беше на трибините и затоа бев емотивен. Тоа е голема жртва кога ќе оставите сѐ настрана за да успеете. Моето семејство секогаш беше покрај мене и ќе им бидам благодарен“, кажа Лаутаро.