Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Македонија триумфираше со 39-34 над Катар во вториот натпревар од втората фаза на Светското првенство.
Кире Лазаров, ракометниот селектор, изрази задоволство за победата, истакнувајќи дека македонскиот тим има направено напредок во играта.
„Им честитам на момците за тоа што го даваат за Македонија. Тешко е затоа што одигравме петти натпревар против силен ривал. Секоја чест за нив. Веруваме во тоа што го работиме, свесен сум дека имаме квалитет, веруваме во системот и стратегијата. Се гледа и дека имаме неискуство. Презадоволен сум, но во исто време и незадоволен затоа што против поквалитетен ривал не би победиле. Штета што не се тука навивачите во голем број, како на почетокот, но оваа победа им ја посветуваме на нив. Имаме некоја идеја за дуелот против Франција, иако тие се фаворити за злато. Играат во страшен ритам и даваат голови од далечина, имаат ѕвезди кои играат во големи клубови. Немаме што да изгубиме, ќе се обидеме да ја поставиме играта на друг начин, зашто вака би било многу тешко. Очекувам во следните месеци голем дел од помладите ракометари да добијат поголема минутажа“, вели Лазаров.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција е закажан в сабота во 20.30 часот.