Лазаров: Дресот на Македонија го носам со гордост!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот капитен Кире Лазаров неодамна наполни 39 години, но и покрај тоа сè уште настапува одлично и важи за еден од најдобрите фудбалери во светот.

По седум години поминати во Шпанија, во 2017 година се пресели во Франција, кадешто го облече дресот на Нант и со екипата во првата сезона стана вицешампион на Европа.

Неодамна Нант беше елиминиран од Барселона во четвртфиналето на елитното натпреварување, но и Лазаров откри дека се очекува мал пад во играта.

Во интервјуто за „Независне“, македонскиот репрезентативец одговара на неколку интересни прашања, а една од нив беше да го опише својот ракометен пат од Свети Николе до Нант.

„Тоа е долг пат, исполнет со многу откажувања. Тоа не може да се опише во неколку реченици. Само моите најблиски пријатели ја знаат вистината, колку е голема жртвата за да се направи таква кариера. Искрено, ме следеше и многу среќа, иако според мене таа треба да се заслужи. Секогаш е важно да одиш по патот кој си го замислил. Одев чекор по чекор, се консултирав со луѓето околу мене, но секогаш одлуките ги донесував сам. Искрено, планирам кариерата да ја завршам во Нант“, вели Лазаров.

Лазаров откри и детали од репрезентативниот дрес, па кажа дека верува во чуда и можеби ќе успее со Македонија да освои медал.

„Бевме неколку пати блиску до полуфинале. Националниот дрес го носам од 1997 година и многу сум горд на тоа. Македонија е ракометна земја и тоа мора да се почитува. Луѓето во Македонија сакаат ракомет. Кажав дека верувам во чуда. Македонија има нова генерација, која е талентирана и треба да ѝ се помогне. Мојата земја направи многу во ракометот деценијава и во иднина ќе биде уште подобра“, објаснува македонскиот капитен.