Лазаров е најдобар стрелец во Европа во последните две децении (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна легенда и селектор на машката репрезентација, Кире Лазаров стави крај на кариерата, а според бројките може да се заклучи дека е најдобар стрелец во Европа во последните 20 сезони

Македонскиот ракометар постигна 1.569 голови во кариерата и е на првата позиција, додека на второ место е Никола Карабатиќ од ПСЖ со 1.143 погодоци.

Меѓу најдобрите стрелци имаше место и за Тимур Дибиров од Вардар, кој постигна 1.053 голови во кариерата.