Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот капитен Кире Лазаров е нов селектор на Македонија, а таа информација ја потврди и првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов.
Лазаров дефинитивно е најдобриот ракометар во нашата историја, па сега и како селектор ќе ги предводи нашите ракометари во новите предизвици.
„Сакам да се заблагодарам на претседателот и Управниот одбор за поддршката. Македонија никогаш не сум ја одбил и сега беше така. Пред нас е голема одговорност, а се надевам и успешна соработка. Македонија под мое водство ќе игра модерен и брз ракомет, но тоа не може да се промени веднаш, туку во следните квалификациски натпревари нема да има премногу промени, сепак во иднина очекувајте друг стил на игра“, вели Лазаров