Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров кажа дека Фарски Острови е сериозен ривал во баражот за Светското првенство (СП) во 2025 година.
Македонија има шанси да се пласира на Мундијалот, а Лазаров кажа дека ќе влезат максимално фокусирани во мечот против Фарски Острови.
„Фарски Острови е сериозен ривал кој има квалитетни ракометари. Морам да кажам дека мораме сериозно и фокусирано да ги одработиме подготовките за да се прикажеме во најдобро светло. Фарски Острови има сериозни резултати и голем напредок. Верувам во нашите ракометари и во нивниот квалитет. Имаме млада, но талентирана репрезентација, кој со тек на време станува сè подобра. Имаме почит кон противникот, но во исто време се почитуваме и самите себе. Сметам дека шансите се подеднакви, тие се одлична репрезентација, но верувам дека и ние имаме квалитет за да им се спротиставиме“, кажа Лазаров.