Лазаров: Германија е пресилна за нас, не сум задоволен од играта!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија загуби со 25-34 од Германија во вториот меч од Европското првенство (ЕП), а селекторот Кире Лазаров кажа дека не е задоволен од настапот.

Ракометарите имаа проблеми во нападот, а тоа скапо нè чинеше на крајот.

„Не можам да бидам задоволен од играта, иако имавме добри моменти на теренот. Загубивме над 15 топки. Германија е класа за нас, а тоа го видовме и на теренот. Треба да се работи многу, зашто во моментов не е реално да посакуваме победа против Франција или Германија. Против Швајцарија ќе дадеме сè од себе за победа“, кажа Лазаров.